На Мек Грегор му се закнуваат со смрт, Ирецот ангажирал телохранители!

McGregor vo odelo vosoba

Изгледа како и на шампионите на УФЦ и требаат телохранители, барем ако се суди по примерот на Конор Мек Грегор. Ирецот овие денови добива смртни закани и во превентивни цели ангажирал двајца телохранители, кои ги нарекол Роки и Драго.

„The Notorious“ во друштво на дополнителна придружба прв пат е виден кога со девојката Ди Девлин го посети ВИП стел авордс во Даблин. Иако игледаше дека добро се забавува, борецот призна дека морал да се ангажира телохранители поради зголемувањето на бројот на закани со кои се соочува во последно време.

„Имаше двајца огромни телохранители кои со него беа цела ноќ. Еден го чекаше дури пред тоалетот кога Ирецот влезе на краткое. Конор бил опуштен и се забавувал цела вечер, но придружбате не го испуштала од вид. Кој сакал да се слика со него, морал да премине преку нив, тој им велел на луѓето дека нивните имиња се Роки и Драго и се ангажирани поради смртните закани што ги добивал во последно време“, изјави еден од изворите за ирските медиуми.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON