Конор Мек Грегор за борба со затвореник за убиство доби примамлива понуда од руската промоција „Фајт најт“ од 2 милиона долари.
Ирецот излета од УФЦ 200 во Лас Вегас, сепак, има добра шанса да заработи, бидејќи Русите му нудат два милиони долари да се бори со Расул Мирзаев, 30-годишниот борач кој има совршен рекорд од 14 победи. Тој во 2011 година е осуден на затворска казна поради убиство.
Голема пречка за овој примамлив меч по многу нешта е договорот на Мек Грегор со УФЦ.
Наводно, понудата е во врска со настанот на 17 јуни во Санкт Петербург прдводена од ММА легендата Федор Емилијаненко и поранешен УФЦ-овец, Фабио Малдонадо.
Што се однесува до противникот на Мек Грегор, организацијата го имала на ум, Расул Мирзаев, 30-годишниот Дагестанец со совршен рекорд од 14 победи. Руски борбец има мрачно минато. Всушност, тој е осуден за убиство од небрежност во 2011 година со кое ја предизвика смртта на 19-годишниот Иван Агафанов. Миразев се спречкал со Агафанов пред ноќен клуб во Москва и со еден удар го испратил на подот, но овој починал четири дена подоцна од повредите здобиени при падот на тротоарот.
Со оглед на популарноста на Мек Грегор и фактот дека со секој настап соборува рекорди на гледаноста и профитот, како и на ексклузивен договор со УФЦ, реализацијата на оваа борба е практично невозможно, А чисто се сомневаме дека дека „Озлогласениот“ во оваа фаза од неговата кариера би се согласил да настапи пред Федор, но интересно е дека Русите се обидоа да стигнат до Мек Грегор во моментот кога најголемата ѕвезда на промоцијата не е во најдобари односи со лидерите на компанијата.