Досега на 12.Меѓународен џиу џицу турнир „Скопје опен 2023“ се пријавени учесници од седум држави. Турнирот ќе се одржи на 11 ноември во спортската сала „Гоце Делчев“ во населбата Илинден во Скопје во организација на Македонската џиу џица федерација.
Пријавени се учесници од: Словенија, Србија, Црна Гора, Турција, Германија, Босна и Херцеговина и за прв пат натпреварувачи од Грција.
Турнирот ќе биде во три дисциплини во детски и во возрасни категории, во машка и женска конкуренција:
- Борби
- Дуо-систем – презентација на техники за самоодбрана
- Неваза – бразилска џиу-џица
Се очекува да настапат 25 клубови со околу 300 натпреварувачи на 3 борилишта, ВАР Систем и 12 судии.