Бањалучкиот портал BLmojgrad.com ги поканува сите пријатели на спортот, а пособено оние со „тупаниците“ да огласат на акцијата која има за цел да му помогне на тешко болниот, легендарниот боксесрски шампион Маријан Бенеш.
Со години Бенеш име на сериозни здравствени проблеми. Пред два месеци, беше примен во Клиничкиот центар во Бања Лука заради кардио-васкуларни проблеми, но и поради општо лоша состојба на организмот. Тој, всушност, веќе со години боледува од Алцхајмеровата болест, а состојба во последно време значително му се влошува. Со оглед на недостатокот на материјални средства, неговите колеги кои во негово име бараа помош од надлежните институции, но без пособен успех.
Потоа Томо Лукиќ од Тузла, инаку доктор по природна медицина, кој докторирал на универзитетите во Сакраменто и Монтреал, одлучил да почне кампања за помош на Маријан Бенеш.
„Се јавуваат боксери и кои се активни, но кои се и одамна во пензија, се јавуваат и обични Бошњаци и Херцеговци, кои ги почитуваат Бенеш и сакаат да му помогнат. Се јавува и дијаспората на БиХ“”, рече Лукиќ, по повод започнувањето на оваа благородна акција.
На сличен потег се одлучи и поранешениот боксер на Партизан од Белград, Даган Димиќ, кој исто така собира материјална помош за легендарниот нокаутер. И двајцата се надеваат дека нивните акции сепак ќе ги поттикнат институциите во Босна и Херцеговина, челниците на Бања Лука, но и Олимпискиот комитет на Босна и Херцеговина, да му помогнат на поранешниот олимпиец, освојувачот на европската аматерско злато, како и професионалниот шампион на Европа.