И во вториот настап на членови од КРА.Нико од Кочани кои се борат за Џудо клубот Пелистер од Битола освоија медали, и тоа сребрен и бронзен на Државното првенство во џудо за пионери и јуниори кое вчера се одржа во Битола.
Дијана Иванова го освои бронзениот медал, а Михаил Малинов сребрениот. Медалот на Иванова е „потежок“, бидејќи се бореше во потешка категорија и со повозрасни пионерки.
Инаку, настапија Дијана Иванова, Михаил Малинов, Станче Минов, Филип Јакимов и Матеј Георгиев.
Ipon.mk