Косовските каратисти стигнаа до границата со Србија, влезот не и беше дозволен за да учествуваат на Европското првенство за сениори што се одржува во Нови Сад.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, според приштинскиот весник „Зери“, на својот фејсбук-профил реагирал и нагласил дека одлуката на Србија да не им дозволи влез на косовските каратисти не оди во прилог на нормализирање на односите меѓу двете држави.
По ова косовските каратисти се вратиле во Приштина.
Весникот „Зери“ ја пренесува и реакцијата на премерката на Србија, Ана Брнабиќ, која изјавила дека Србија не ја прекршила спогодбата од Брисел, туку ја почитува целосно.
„Барањето за дозвола не е направено 48 часа однапред како што е предвидено“, рекла српската премиерка која додала дека Косово може да учествува на првенството само со знамето на Меѓународната карате федерација бидејќи така било договорено пред еден месец.