И денеска вестите од Карате 1 Премиер лигата во Токио – Јапонија, не не радуваат – нашите каратисти се поразени во првите настапи, а немаат можност ниту за репасаж.
Факт е дека имаа и тешки противници, но тоа е само еден дел в целокупната слика за настапот на нашите репрезентативци кои извојуваа само две победи, и тоа вчера Симона Заборска и Емил Палов. Сепак ова е конкуренција која што ќе ја имаат и на Светското првенство во Мадрид, Шпанија, од 6 до 11 ноември. Така, тренерот на репрезентацијата Сашко Арсовски ќе има полни раце работа овој месец до шампионатот.
Во ова коло од Премиер лигата настапуваат 664 натпреварувачи од 70 држави.
Резултати
-55 кг – 55 натпреварувачи
Симона Заборска – Гизем Бугур (Германија) 1-0
Симона Заборска – Сара Јамада (Јапонија) 0-2
-61 кг -56
Наташа Стефановска – Лаура Сиверт (Франција) 0-3
-60 кг – 42
Емил Павлов – Каисар Алписбај (Казахстан) 2-1
Емил Павлов – Фирдовси Фарзалијев (Азербејџан) 1-0
-75 кг – 51
Петар Заборски – Габор Харспартаки (Унгарија) 2-8
-84 кг – 48
Берат Јакупи – Рјутаро Арага (Јапонија) 0-2
Петар Спасеновски – Фарук Абдеселем(Франција) 1-3
+84 кг – 47
Мартин Несторовски – Ридван Каптан (Турција) 2-5
Ipon.mk