Денеска на Изборното првенство за сениори во Скопје за првите места се изборија проверени и млади борачи.
На првенството не учествуваше носителот на бронзениот медал од ЕП Владимир Егоров, но затоа тука беше вардарецот и освојувач на олимписката норма за Олимпијадата во Токио, обезбедена со бронзата од Светското првенство, Могамедгаџи Нуров со неговиот ментор Могамед Ибрагимов.
Некогашните борачи на Спартак, Столе Ефтимов и Иван Јанев станаа први за други клубови, како и други борачи од Студеничани.
Прваци на Изборното првенство за сениори 2020 се:
57 кгАид Салихаси – Тефејуз
61 кгИван Јанев – Бучим
65 кгЕлмедин Сејфулаху – Лирија
70 кгФати Фејсели – Лирија
74 кгБехар Махмути – Чаир
79 кгАстрит Исмаили – Лирија
86 кгДејан Митров – Балканец
92 кгСтоле Ефтимов – Лирија
97 кгРамазан Бакија – Лирија
125 кгМогамедгаџи Нуров – Вардар