На Изборно првенство за борачи ветерани во Струмица се дефинира репрезентацијата за СП

Во Струмица се одржа првото Изборно првенство за борачи ветерани на Македонија на кое се пројавија 22 борачи од повеќе наши клубови, а имаше  5 девизии со повеќе категории, околу 30.  Во три категории не се доделени медали, бидејќи немаше натпреварувачи.

Вкупно се одржаа пет борби. Всушност, самата бројка е успех, бидејќи на две светските првенства патуваше само еден борач, а лани двајца.

Најмногу борби имаше во категоријата со 78 килограби во Е-девизија. Првенството помина без повреди.

Изборно првенство полсужи за избор на нашата репрезентативци за Светското првенство за борачи ветерани кое во септември ќе се одржи во Скопје.

Резултати
А – девизија
70 кг
1.Иле Георгиев – Балканец

78 кг
1.Горан Атанасов – Бучим

110 кг
1.Мухамед Вејсели – Студеничани

130 кг
1.Александар Стојанов – Бучим
2.Сабедин Јашари – Студеничани

Б – девизија
78 кг
1.Марјан Танев – Бучим

88 кг
1.Николчо Калајџиев – Бучим

100 кг
1.Љупчо Хаџи Арсов – Борец

130 кг
1.Игор Мицевски – Борец

Ц – девизија
88 кг
1.Тони Танчев – Бучим шампиони

100 кг
1.Тони Димов – Неготино

130 кг
1.Љуан Зенку – Тефејуз

Д -девизија
88 кг
1.Бејтула Алими –  Студеничани
2.Ванчо Тошиќ – Балканец

130 кг
1.Иса Фејзула – Вардар

Е – дивизија
78 кг
1.Рамадан Шабани – Лирија
2.Илија Ангелов – Бучим
3.Димо Алексов – Борец

88 кг
1.Исмет Феруку – Лирија
2.Фадиљ Пајазити – Извор

100 кг
1.Трајан Ангелов – Бучим шампиони

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON