На интернет кружи видео со единствениот пораз на Хабиб (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов со победата над Џастин Гејџи дојде до својата 29-та победа во исто толку професионални ММА борби. Доколку не реши да се врати, на што се надева претседателот на УФЦ, Дана Вајт, ќе отиде во пензија како единствен елитен борец во историјата на ММА, кој се повлекол без некогаш да биде поразен.

Тоа е неверојатен резултат за овој голем борец, но не може да се каже дека никогаш не доживеал пораз во животот. На Интернет кружи видео од комбат самбо турнир на кој Хабиб се натпреваруваше на 17-годишна возраст. Станува збор за последната борба на рускиот шампион во самбо во категоријата до 68 килограми. Хабиб беше поразен на тој меч од борец по име Магомед Ибрагимов. За жал, поради честото име, не можевме да пронајдеме како точно изгледаше понатамошната кариера на момчет, но можно е тоа да е сегашниот сопственик на скорот 11-2 во ММА однос (Таополоџи профил).

Она што е особено интересно да се види е реакцијата на Хабиб по објавувањето на неговиот пораз. Прво ги стави рацете над лицето, а потоа клекна слично како по победата против Гејџи. Нема сомнение дека му било тешко и дека после тоа бил уште помотивиран да не му се повтори тоа.

На Интернет можеме да најдеме уште неколку снимки од граплинг натпреварувањата, каде има инсинуации дека тоа е пораз на Хабиб, но ова е всушност единствената снимка од вистинско натпреварување каде што гледаме дека навистина тоа е Хабиб. Поледнете ја борбата!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON