На Хабиб му се закнува одземање на титулата, Вајт објасни како стојат работие: „Гувернерот вечерва беше овде и избега од салата, а тоа не е добро“!

По хаотичните настани во T-Мобиле арена имаше многу кои се запрашаа колку тешка казна би можел да добие Хабиб Нурмагомедов.

Актуелниот шампион, да се потсетиме, по големата победа над Конор Мек Грегор одлучи да скокне преку оградата и да го нападне Дилан Данис, тренинг партнер и џиу-џицу тренер на ирскиот борец. Потоа следеше голем хаос, имаше пресметки на сите страни, како во октогонот, така и надовор од него.

На прес-конференцијата по настанот Дана Вајт запрашан дали Хабиб можеби поради сето она што е видено да остане без титулата.

„Станува збор за тоа што контролата ја има Атлетска комисија на Невада, и тие сигурно ќе навалат на него и тоа прилично силно. Тој сега не траба да се грижи поради мене, но морда поради Невада. Гувернерот вечерва беше овде и избега од салата, а тоа не е добро“, рече Вајт.

Претседателот на УФЦ понатаму истакнува дека Комисијата нанекој начин ќе го казни Хабиб, а должината на неговата суспензија ќе зависи од приказната за одземање на појасот.

„Да, веројатно ќе остане без титулата ако се работи за долга суспензија“, заклучи Дана.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON