На Гејџи му го украле велосипедот вреден 4.500 долари

Привремениот шампион во лесна категорија на УФЦ, Џастин Гејџи се пожали дека крадец му го украл велосипедот вреден 4.500 американски долари. Гејџи објави фотографија од крадецот на социјалните мрежи и побара помош. Џастин бара приватен детектив за да му помогне при пронаоѓањето.

Марката на електричниот велосипед е „рамбо Р1000ХП“ и тие се дизајнирани за тешки авантури на отворено. Овие велосипеди најчесто ги користат ловците и развиваат максимална брзина до 28 километри на час. Гејџи рече дека бил на тренинг во дворот, само неколку минути го делеле од фаќањето на дрскиот крадец. Шампионот ја пријавил кражбата во полицијата, која почнала истрага.

Гејџи ќе се врати во кафезот на крајот на октомври за да се бори со Хабиб Нурмагомедов во меч за неоспорната титула.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON