Емилијаненко: Миочиќ не може да биде најголем со 1-2 борби годишно

Големиот во ММА, Федор Емелијаненко се осврна на Стипе Миочиќ кој минатиот викенд ја одбрани титулата во тешка категорија на УФЦ. Миочиќ ја однесе втората победа во третата борба со Даниел Кормиер, а Дана Вајт бргу го прогласи за најголема во историјата на тешка категорија. Емилијаненко не се согласува со оваа изјава на Дана Вајт, кој, патем, не е голем обожавател на Федор, затоа што тој никогаш не успеа да го привлече во најголемата ММА организација.

Вајт рече дека тврдењата за величината на Федор биле тотални глупости. И додека многу обожаватели се поделени меѓу Стипе Миочиќ и Федор Емелијаненко, големата руска легенда ја коментираше на темата.

„Стипе Миочиќ е добар и интересен борец и затоа не сакам да ги имам овие разговори. Сепак, треба да погледнете колку битки прави годишно и колку има одбрани на титулата. Имињата на неговите ривали исто така мора да се видат. На пример, во мое време, Ногеира и Филиповиќ и јас правевме 4-5 меча годишно.

Направив три борби за една година, дури и кога имав проблеми со прстите. Па, сега борците, особено шампионите, имаат далеку помалку борби. Една, максимум две годишно. Кормиер е силен борец и еден од најдобрите. Навистина ми се допадна Кормиер. Но, се случува секогаш да има еден победник. Миочиќ и Кормиер се двајца од најдобрите борци“, истакна Емилијаненко.

Миочиќ има скор 20-3 во ММА и завршница со нокаут на 15 од нив.Скорот на Емилијаненко е 39-6-1 во ММА, при што 15 победи се со нокаут и 15 со завршница. Помеѓу 2000 и 2010 година, Емелијаненко беше непоразен со серија од 27 последователни победи.

https://www.instagram.com/p/CEJ_Fa1h-4i/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CEHfwUYKhmL/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО