На џудо турнирот „Струга опен 2017“ ќе учествуваат 14 земји

 

Џудо клубот Дрим од Струга од утре до 20 јуни го организира четвртиот интернационален турнир „Струга опен 2017“.

На турнирот ќе настапат околу 400 џудисти од 14 земји: Албанија, Грција, Бугарија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Турција, Романија, Шведска, Полска, Холандија и Македонија.

На 18- јуни започнува тридневниот тренинг-камп во склоп на турнирот на кој ќе присуствува и експерт на Светската џудо федерација, Габриел Сапта од Белгија кој ќе биде и раководител на тренинг кампот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON