На денешен ден: Потсетете се на вториот дел од трилогијата Али-Фрејзер (ВИДЕО)

Frazier-vs.-Ali-2

На овој датум 1974 година го гледавме вториот меч на боксерските гиганти Мухамед Али и Џо Фрејзер. Меч, во кој Али се одмазди за својот прв пораз во кариерата, а се одржа во Медисон сквер гарден.

Третиот месец во 1971 година му го донесе првиот пораз на Мухамед Али во кариерата. Џо Фрејзер се покажа кобен за легендарниот борец, уште еден великан на овој спорт. Но, по овој дуел поминаа три години во исчкување на прилика да се освети за поразот кој никогаш не го  преболе.

Најголемата разлика во однос на нивната прва средба лежи во фактот дека и двајцата боксери влегоа чувствувајќи ио поразите, кои ги урнаа нивните импресивни достигнувања. Но, покрај веќе споменатиот пораз од Фрејзер, тој е поразен и во неговата прва средба со Кен Нортон, додека „Smokin ‘Joe“ настрада во пресметката со Џорџ Форман.

Ривалството боксерските великани резултираше и со пресметката востудиото на АБЦ телевизијата, кога двајцата борци по дебатата завршија на подот. Иако подоцна беа парично казнети за таа срамота, јасно е дека со овој потег одработија одлична промоција за настанот во Њујорк.

Нивните долго очекуван реванш подобро го отвори Али, кој во втората рунда може го затресе Фрејзер. На негово разочарување, можност за предвремено прекинување му ја оневозможува судијата Тони Перез кој по грешка го запира налетот на Али со уверување дека рундата е завршена. Малку пауза се покажа како доволно за „Smokin ‘Joe“ да се прибере и да издржи до крајот на рундата.

Но, се чини дека Али ја научил на грешките од првата борба и во оваа успешно се носеше со постојаните нападиу на неговиот противник, а добрата тактика, како и совршеното спроведување, резултираше со победа, до која дојде со едногласно одлука на судиите.

Иако Фрејзер веднаш се пожали на исходот, неговото лице јасно покажуваше дека судиите исправно постапиле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON