На Бени Османоски за утре еден Грк му откажа друг доби шанаса: Верувам во себе!

Beni so besno kuce

Бени Османоски утре вечер ќе се бори на кик бокс настанот „Стори 4“ во Швајцарија, под закрила на ВКУ. Првично требаше да се сретне со Гркот Пантелис Порфиропулос, но тој ја откажал борбата.

Beni so grk sledna borba

„Противникот Пантелис ја откажа борбата. Причината не ми е позната. Сега имам друг противник од Грција и за него многу не знам, бидејќи вчера добив повик дека е откажан мечот со првиот противник“, изјави Бени Османоски познат како „Бесното куче“ во боречките кругови.

Без разлика на се, тој вели дека е многу добро подготовен, а посебно на тоа влијаел поминатиот период во родното Октиси кај Струга.

Бени за новиот противник, Валентинос Кириркидис, вели дека има големо искуство и дека имал некои големи титули во Грција, а се друго му е непознаница.

„Го респектирам мојот противник. Утре имам страв само од еден – Господ. Самоуверен сум, верувам во себе и ќе дадам се од себе да излезам неповреден и со победа од рингот“, нагалси Османоски за IPON.mk.

Бени досега има 53 професионални борби, 43 победи, од кои 31 со нокаут.

Во април ја освои титулата во К-1 на ИСКА (до 82,5 кг), а на ВКУ (до 83 кг) два пати ја одбрани титулата. Во септември ќе има нова одбрана.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON