На 9 ноември ќе се одржи 13. Меѓународен џиу џицу турнир „Скопје опен 2024” во спортската сала „Гоце Делчев” во населбата Илинден.
Досега на турнирот се пријавени околу 200 натпреварувачи од Словенија, Србија, Грција, Р. Српска – БиХ, Бугарија, Австрија, Црна Гора и од Македонија. Организаторите очекуваат над 300 натпреварувачи.
Отварањето на турнирот е во 10 часот и ќе го отвори министерот за спорт Борко Ристовски.
Македонската џиу џица федерација ги известува сите љубители на спортот дека влезот е бесплатен.