Могамедгаџи Нуров (97 кг) остана без бронзен медал на три секунди до крајот на Европските игри во Минск, Белорусија. Во борбата за бронзата загуби со 1-3 од домашниот борач Алекасандар Хуштин (Белорусија). До тие три секунди резултатот беше 1-1, а нашиот борач во 44 секунди до крајот беше поактивен. На крајот тргна во акција на се или ништо и кога се чинеше дека ќе поентира Хуштин се извлече и му направи контраакција од која зарботи два поени.
Ова тешко му падна на Нуров, па крајот го дочека со солзи во очите.
Ианку прв поведе Хушин 0-1 со казнен поен за некактивност, а Нуров изедначи во втората рунда со акција на истуркување. Нуров го освои петото место, досега тоа е најдобриот резултат на некој наш спортист на Игрите.
Последна надеж за медал ни останува каратистот Емил Павлов кој на минатите Европски игри во Баку во 2015 година освои бронзен медал.
Tој во предпладневните борби во репасажот го совлада Сабо Михали од Унгарија со 11-0 (технички туш) и така се обезбеди борба за бронзениот медал.
Нуров во првото коло го победи Литванецот Лукас Караускас со 10-0 (технички туш), а во второто коло налета на рускиот борач, олимпискиот, светскиот и европскиот првак, Абдулрашид Садулаев и загуби со 6-0.
Големиот шампион Абулрашид Садулаев е победник на Европските игри во оваа категорија, бидејќи неговиот земјак Нурмагомедов Гаџиев кој настапува за Азербејџан ја предаде борбата поради повреда. Така, Садулаев славеше со 1-0.
Ipon.mk