На 21 година почина сумо борачот, поранешното најсилно момче на светот

– Рускиот сумо-борач со свое место во Гинисовата книга на рекорди, Џамбулат Хатохов почина на 21-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја објави претседателот на Сојузот на сумо-борачи во руската област Кабардино-Балкарија, Бетал Губжев.

Причината за смртта не е официјално соопштена, но тамошните медиуми објавуваат дека Хатохов имал проблеми со бубрезите.

Во 2003 година, Хатохов влезе во Гинисовата книга на рекорди како најтешкото дете во светот. Како двегодишно дете, тој имал околу 34 килограми, а на 13 години имал 180 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО