Македонската традицонална теквондо федeрација изминатиов вокенд (16 март) во СРЦ „Билјанини извори“ (мала сала ) го одржа официјално второ Државно првенство во органзиција на ТК Маестро од Охрид.
Најдобар клуб на државно првенство ХВА ранг ИТФ од Лескоец, Охрид, со освоени 15 златни, 14 сребрени и 19 бронзени медали, како и 6 пехари за најдобри поединци. На второто место е организаторот Мастер од Охрид, со освоени 7 златни, 6 сребрен и 5 бронзени медали и еден пехар за најдобар поединиец. Трет е Сонкал со 6 златни, 6 сребрени и 3 бронзен медал и еден пехар за најдобар поединиец.
На четвртото место е Чонџи – 2 златни, 3 сребрени и 8 бронзени медали, а на петтото место место се најде Ахилиус – 2 златни, 1 сребрен и 5 бронзени медали.
Најдобри поединци во нивните старосни категории, кои покрај медали се закитија и со пехари се:
-најдобро девојче 8-10 години, Меланија Јанеска
-најдобро дете 8-10 години, Хриситјан Гагалески
-најдобра кадетка 11-13 години, Миа Танеска
-најдобар кадет 11-13 години, Даријан Китаноски
-најдобра јуниорка 14-15години, Анастасија Чулческа
-најдобар јуниор 14-15 години, Климент Богоески
-најдобра младинка 16-21 година, Елена Јанеска
-најдобар младинец 16-21 година , Владимир Димитриевиќ
На првенството учествуваа 78 натпреварувачи од 5 клуба во две дисциплини – форми и борби. На првенството настапија следните клубови: Мастер – Охрид, Ахилису – Скопје, Хва ранг ИТФ – Лескоец, Охрид, Сонкал – Мислешево, Струга и Чонџи – Косел, Охрид.
Некои од натпреварувачите се бореа и за место во репрезентација за Европско првенство 15-22 април во Копер,Словенија.
„На наше задоволство и задоволство на сите присутни во салата, натпреварувачите направија врвни борби, докажувајќи дека се во одлична форма и дека се многу од нив на добар пат за брзо време да се изборат за место во репрезентацијата, изјави селекторот Марјанчо Лазаревски.