По повод признавањето на Македонската традицонална теквондо федрација од страна на Агенцијата за млади и спорт, изминатиов викенд на 11 март во СРЦ „Билјанини извори“ (мала сала ) се одржа официјално првото Државно таеквондо ИТФ првенство на Македонија.
Најдобар клуб на првото државно првенство во Хва ранг ИТФ од Лескоец Охрид со освоени 45 медали – 14 златни, 16 сребрени и 15 бронзени медали, втор е Мастер – Охрид со 13 – 7 златни, 1 сребрен и 5 бронзени, трет е Сонкал од Мислешево, Струга, со 9 медали – 4 златни, 4 сребрени и 1 бронзен, четврти е Ахилиус – Скопје – 7медали – 2 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали и на петтото место е Чонџи – Косел, Охрид, со 10 – 3 сребрени и 7 бронзени.
Првенството беше во органзиција на Таеквондо клубот „Мастер“ од Охрид, како најстар клуб, од страна на МТТФ ја доби честа да го организира првото Државно првенство во Таеквон-до ИТФ.
На првенството учествува 63 натпреварувачи од следните клубови: Мастер –Охрид, Ахилиус – Скопје, Хва ранг ИТФ – Лескоец, Охрид, Сонкал – Мислешево, Струга, и Чонџи – Косел, Охрид.
Некои од натпреварувачитре се бореа за место во репрезентацијата за учество на наредното Европско првенство кое ќе се одржи следниот месец во Језоло, Италија, од 17до 24 април.
„На наше задоволство и задоволство на сите присутни во салата, натпреварувачите направија врвни борби, докажувајќи дека се во одлична форма и дека се многу од нив на добар пат за брзо време да фатат место во репрезентација. Најдобра борба покажаа Климент Богоески од Хва ранг ИТФ против Лука Тодороски од Чонџи, кои мораме да ги пофалиме за врвната техника, а за најдобар борец беше избран Владимир Димитриевиќ од Мастер, освојувајќи 1 место – спаринг јуниори -60 кг, 14-17 години, 1 место форми јуниори 2-/1 куп црвен/црвен виши појас 14-17 години, 1 место- спаринг сениори, -80 кг, 18-39 години, со што се избори за место во репрезентација за наредното Европско првенство“, ни изјавува Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ.
Исто така, Лазаревски јавно се заблагодарува на АМС за признавањето на нивниот спорт, на Општина Охрид, која беше покровител за организирањето на првото Државно првенство во таеквондо ИТФ и на генералниот спонзор „ПН Метал, кој е најзаслужен за сите нивни успеси.
На 1 април МТТФ најавува учество на Меѓународен отворен таеквондо ИТФ натпревар „Сита опен 2023“ во Лозница, Србија, додека 17-24 април учество на наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Језоло, Италија.