Мусаси ќе се бори за титулата на Белатор

Гегард Мусаси (43-6-2) е следниот предизвикувач за титулата на Белатор во средна категорија.

По дебито за новиот работодавач минатиот октомври во изедначен меч со поделена одлука на судиите го победи поранешниот шампион Александар Шлеменко, 32-годишниот холандско-ерменски борец на 25 мај во Лондон ќе го предизвика Рафаел Карваљо (15-1).

На 31-годишниот Бразилец тоа ќе му биде четврта одбрана на титулата која ја освои со нокаут против Брендон Хелси во октомври 2015-та. Успешно ја бранеше два пати против Мелвин Махоев и Алесио Сакара.

На настанот ќе настапи и Мајкл Пејџ – Веном (12-0) против Дејвид Рикелс (19-4-2НЦ).

https://youtu.be/WEmYTB1g-Ww

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО