Младиот Бислим Муртезани (-80 кг) имаше забележителен настап на Светското традиционално борење во Хатај-Турција. Тој го освои осмото место, а во иднина се очекуваат и поголеми резултати од него.
Искусниот Мухамет Вјсели (100 кг) имаше една победа, а во второто коло загуби од Унгарецот Золтан Пентек, додека преостанати двајца претставници, Фуат Ќаиловски и Фуркан Јаја (-60 кг) се поразени во првото коло од Иранецот Алиреза Јаханијан и од Азербејџхан Мурадзаде Мусфик.
На Светско првенство во пеливанско борење учествуваа вкупно 26 земји, а нашата репрезентација во екипен пласман е 16-та.
Од Федерацијата за пеливанско борење на Македонија истакнуваат дека не биле комплетни, затоа што Бобан Данов и Дејан Митров настапуваа на Светското првенство во борење во Лас Вегас, а Рамаза Бакија поради финансиите, кои се обезбедени во последен момент, немал време за регулирање на тежината.
„За жал, најдобриот и главен адут за освојување на медал на ова Светско натпреварување во традиционално борење, Рамаза Бакија, не настапи. Сепак, сме задоволни од настапаот на нашите претставници, а тие го дадоа максимумот. Во иднина, веруваме дека ќе постигнеме уште подобри резултати. Остваривме и средба со председателот на светската АБА во традиционално борење, со господинот проф.д-р Ибрахим Озтек“, истакнува генералниот секретар на Федерацијата за пеливанско борење, Хамид Бакија.
ipon.mk/В.Д.