Жозе Мурињо напорно работи за да што подобро ја подготви Рома за новата сезона, но во исто време има и простор да сврти поглед на најважниот спортски настан во овој момент, Летните Олимписки Игри во Токио.
Конечно неговата Португалија дојде до првиот медал на ОИ и тоа во џудо преку Жорже Фонсека.
Фонсека кој е двократен светски шампион освои бронза во категоријата до 100 килограми, а тоа донесе радост и емоции кај Мурињо и неговиот асистент Жоао Сакраменто.
"Ganda Fonseca, ganda tuga" 😍
Jose Mourinho celebrating Portugal’s bronze medal in the Judo at #Tokyo2020
🎥 IG/josemourinho pic.twitter.com/DXhe3nBv16
— Hayters TV (@HaytersTV) July 29, 2021