Рускиот боксер во тешка категорија, Мурат Гасиев (28-1) изјави дека неговата следна борба ќе биде во Србија бидејќи на руските навивачи им е полесно да стигнат таму.
28-годишниот Гасиев е поранешен шампион во полутешка категорија. Мурат ги загуби титулите пред 4 години откако Александар Усик го победи со одлука. Гасиев реши да се искачи во тешка категорија каде забележа 2 победи.
На 26 август 28-годишниот Гасиев ќе се бори со 42-годишниот Американец Карлус Велч (21-2). Борбата ќе се одржи во Белград, а директно ќе се пренесува во Русија на ТВ каналот РЕН.
Мурат ужива во престојот во Србија и вели дека се чувствува како да е во Русија.
„Да, јас сум во Србија. Сега се создаде таква ситуација. Тешко е да се боксира. Но, ние имаме добри пријатели во Српската боксерска федерација. Руската боксерска федерација е пријател со нив.
Тие понудија место и ние со задоволство прифативме. Многу луѓе ќе дојдат овде од Русија, бидејќи е лесно да се стигне до таму. Затоа денес го избравме ова место.
Стигнавме нормално, без проблеми. Овде бевме добро примени. Многу сум среќен. Кога стигнав, не се чувствував како да сум далеку од дома. Како да сум во Русија.
Има многу убави, пријателски луѓе овде. Не се чувствував како гостин овде. Бев пријатно изненаден. Србија ги има најпријателските луѓе.
Ги има насекаде, но овде некако потопло се однесуваат кон мене“, изјави Гасиев за руските медиуми.