Мухамед Али: Се чувстувам затвореник во моето тело! (ВИДЕО)

Muhamed Ali-zarobenik vo svoeto telo

Легендата на професионалниот бокс, Мухамед Али, се чувствува затвореник во своето тело. Се довери на својот долгогодишен менаџер Џин Килрој.

Поранешниот светски шампион страда од паркинсонова болест и со години е под посебен режим. Неговата приказна ќе биде повторно раскажана во новиот документарен филм, кој ќе биде емитуван во Англија. Документарецот е дело на британската режисерка Клер Лјуинс која добила пристап до уникатни интервјуа и разговори на Мухамед Али со неговите најблиски луѓе.

Во производството главно учество има и Килрој, кој и понатаму е во постојан контакт со 73-годишниот Али.

Кога се разболе од паркинсонова болест и гласот веќе не му беше толку силен“, рече Килрој.

„ Па, веројатно Господ ме казнува за некои од работите кои не сум ги направил правилно. Не чувствувам болка, но сум затвореник во моето тело. Мојот говор може и да не се добива, но умот ми е добар “, раскажа Килрој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON