Урбан инвест по Тетово триумфираше и во Скопје на „Никола Грдановски-Нике“! (ФОТО)

Urban iNvets nie 2015 site

Кавадарчани и во Скопје покажаа дека имаат млада и перспективен карате состав, бидејќи и на 34.Меѓународниот турнир „Никола Грдановски -Нике“ беа најуспешна екипа по бројот на освоени медали. Урбан инвест во сите возрасни категории освои 29 медали, по 10 златни и сребрени и 9 бронзени.

Ronin kata na Nike2015-11-07 12.38.42

Домаќинот на турнирот, КК Металург е втор со 17 медали (6-4-7), Форца е трета 14 (7-3-4), па следуваат Никон од Бугарија 12 (3-3-6), Фунакоши Гичин 9 (5-1-3), Олимпик Спорт 2007 7 (5-2-0), Ботони 8 (3-4-1), Макпетрол 9 (2-3-4), Кеикс 7 (2-3-2), Башкими 2002 4 (3-1-0), Партизан -Кочани 5 (1-2-2) итн.

Marko Buntevski Funakosi

На турнирот учествуваа 340 натпреварувачи од Македонија, Србија и Бугарија.

Со по освоени три звлатни медали во своите категории за најуспешни на натпреварот беа прогласени Петар Аврамов во категоријата пионери и помлади кадети и Владанка Аврамова во категоријата кадети, јуниори и сениори.

Nike  2015-11-08 11.12.19

Репрезентативниот ката тим Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа си направија проверка на формата пред Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21. Интересна битка имаше меѓу Александар Неделковски (Металург) и Марко Бунтевски (Фунакоши Гичин) во кати, во која подобар беше каташот од Фунакоши.

KK Kocani na Nike 2015

Borba na nIke 2015

Еве  ги сите резултати: Меморијален турнир Никола Грдановски Нике.

Меморијален турнир Никола Грдановски Нике, косистеми.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО