Легендарниот американски боксер, Мухамед Али, повторно е во болница. Трикратниот светски шампион во тешка категорија, кој има 72 години, беше отпуштен од клиниката пред околу десетина дена, но повторно морал да биде хоспитализиран, за да продолжи лекувањето од инфекција на уринарниот тракт.
На 21 декември минатата година Мухамед Али беше примен во болница, тогаш беше најавено дека страда од блага форма на пневмонија. Сега, повторно е влошена неговата здравствена состојба. Но останува стабилен, според информациите на медиумите преку океанот.
Претходно претставник на Мухамед Али изјави дека боксерот целосно се опорави и со нетрпение очекува да го прослави својот роденден на 17 јануари, кој ќе го одбележи во тесен семеен круг дома. Долги години Мухамед Али страда од паркинсоновата болест .