Мухамед Али е во болница поради проблеми со дишењето, но е во стабилна состојба

muhamed ali vo odelo

Легендата на боксот, Мухамед Али е примен во болница во Феникс поради респираторни проблеми, веста ја потврди портпаролот на фамилијата.

 74-годишната боксерска легенда е во болница во Феникс каде што и живее, Мухамед Али имал проблеми со дишењето.
„Тој е третиран од неговиот тим на доктори и е во стабилна состојба. Се очекува краток престој во болницата. Во овој момент фамилијата бара да се почитува приватноста на Мухамед Али“ – соопшти портпаролот Боб Ганел.
Во 1984 година, на Али му беше дијагностицирана Паркинсова болест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON