Му се заканија на Ентони Џошуа со одземање на титулата

Британецот Ентони Џошуа (21-0, 20 KO) може да биде лишен од еден од шампионските појаси и така да му пропадне обидот да стане супершампион (носител на титулите во сите верзии) на тешката категорија во светскиот бокс.

Предупредувањето го направи ВБА, затоа што Џошуа покажува незаинтересираност да организира меч против Александер Поткеткин, кој е официјален предизвикувач на организацијата. Наместо тоа, Бритаенцот во последно време преговара за битка против Дионтеј Вајлдер за титулата во верзија на ВБЦ – единствениот појас што му недостасува во колекцијата на олимпискиот шампион од Лондон 2012.

На 31 март Ентони Џошуа го победи Џозеф Паркер со судиски одлука и стана носител на шампионските појаси на ВБА супер, ВБО, ИБФ и ИБО. Потоа се укажа прилика на Британецот да се сретне со Вајлдер за обединување на сите титули. Сепак, ВБА го принудува Џошуа да одржи задолжителен меч против Поветкин. Од 5 април почна да тече едномесечниот рок меѓу двајцата боксери за да го договорат мечот.

Ако Ентони Џошуа прво се бори против Вајлдер, а не против Русинот, ВБА се закани дека ќе му го одземе шампионскиот појас ВБА Супер, а тоа значи дека Светската боксерска асоцијација ќе има само еден светски шампион во супертешка категорија, а тоа е Мануел Чар, кој сега го има вообичаениот наслов на организацијата. Германскиот боксер роден во Либан го освои шампионскиот појас на 25 ноември 2017 година со победа над Александар Устинов со одлука на судиите.

Александар Повектин е официјален предизвикувач во верзиите на ВБА и ВБО од минатата година, кога го победи Кристијан Хамер во Русија. Последниот меч на Русинот беше на 31 март во Кардиф, кога го победи Дејвид Прајс и ги задржа своите интерконтинентални титули од двете организации. Додека предизвикувачотз а шампионскиот појас на Џошуа во верзија ИБФ ќе се утврди во мечот меѓу Кубрат Пулев и Дилиен Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON