Му се испушти на татко му на Хабиб: Ќе добие жестока казна за инцидентот со Мек Грегор!

На таткото на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап, му се испушти во емисија и кажа колкава казна ќе добие неговиот син за инцидентот по мечот за титулата на УФЦ со Конор Мек Грегор, бидејќи тие имале преговори со Спортската комисија на Невада.

Инаку, казните на Хабиб и Конор требаше да бидат соопштени на почетокот на декември, но тие бараа да се одложи тоа и конечната одлука се чека во јануари.

Таткото на Хабиб случајно откри дека казната ќе биде жестока и дека веќе биле договорена должината на суспензијата и паричнат аказна.

„Не знам на каков начин ќе завши ова. Колку што знам јас, ќе добиеме половина милиони долари казна и Хабиб најверојатно нема да може да се бори девет месеци. Ова никогаш не смееше да се случи, но се надеваме на светла иднина наскоро“, рече таткото на шампионот во лесна категорија на УФЦ.

Дагестанецот сака да се бори со легендарниот боксер Флојд Мејведер. Хабиб го предизвика американскиот боксер, кој е подготвен да се согласи на  понудата за меч, која на двајцата би им донела десетина милиони долари.

Ако навистина биде казнет Нурмагомедов, тогаш борбата со Мејведер ќе биде закажана, а наводно ќе се пресметаат во мај.

Хабиб уште не е поразен во ММА-кариерата. Иако боксот му е слаба страна против ирскиот борец Мек Грегор покажа дека напредува и во тој дел.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON