На Генади Головкин му е одземена титулата на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) во средната категорија. Казахстанската суперѕвезда мораше да се бори против официјалниот кандидат Сергеј Дервјанченко (Украина), а дуелот требаше да се одржи до 3 август.
Головкин имаше намера да го брани појасот на 5 мај во реваншот со Сол Алварез. Средбата не се одржа бидејќи Мексиканецот беше фатен со допинг и дисквалификуван шест месеци.
IBF Explain Their Decision To Strip Gennady Golovkin of Title https://t.co/LeB0s19Q3s pic.twitter.com/Ge4vc6HlxF
— BoxingScene.com (@boxingscene) June 6, 2018
Во моментов, појасот на ИБФ е слободен. Се очекува наскоро да бидат објавени боксерите кои ќе се борат за титулата.
Головкин ги задржува најпрестижните титули на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) и Светската боксерска асоцијација (ВБА), како и на ИБА.
.