Македонската традиционална таеквон-до Федерација со 6 натпреварувачи, 2 судии и 2 официјални лица викендов ќе учествува на Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир од А класа „Софија опен 2023″ во Бугарија.
Натпреварувачите се од ТК Сонкал – Мислешево, Струга , ТК Мастер – Охрид, и ТК Хва ранг ИТФ Лескоец, Охрид.
„Се надеваме дека нашите натпреварувачи достојно ќе ја претстават нашата држава и ќе направат да се гордееме со нив“, велат од МТТФ.