МТФ: Тројца македонски таеквондисти совладаа олимписки шампиони

Од Македонската таеквондо федерација по вчерашната извонредна борба на Мила Рељиќ (-57 кг) против двократната олмписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија и победата од 2-1, при што британските медиуми исткануваа дека е уништен сонот на најдобрата таеквондистка, потсетува дека македонските репрезентативци забележале три победи против олимписки шампиони.

„Со задоволство да ја потсетиме македонската јавност!

Тројца македонски таеквондисти до сега успеале да совладаат олимписки шампиони.

Дејан Георгиевски го совлада олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан на квалификации пред ЛОИ во Токио.

Филип Додевски го совлада олимпискиот шампион Чеик Сисе од Брегот на слоновата коска на Г1 турнир во Албанија.

Мила Рељиќ ја совлада олимписката шампионка Џејд Џонс од Британија на ЛОИ во Париз.

Сепак, водечка круна останува олимпиското сребро од Токио, како најголем спортски резултат во независна Македонија. Во иднина се надеваме на слични или поголеми резултати од македонското олимписко таеквондо.

Македонското олимписко таеквондо, како носечки државен спорт, има уште многу што да каже“, се вели во објавата на МТФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON