Историската борба на Дејан Георгиевски за Олимписките игри во Токио (ВИДЕО)

Деновиве пишувавме и се радувавме за освоената олимписка норма на репрезенттаивецот во таеквондо Дејан Георгиевски, но многуминаа немаа можност да ја видат историската борба и победа на актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан. Со оваа победа Георгиевски обезбеди историска олимписка норма за Македонија, а и вети олимписко злато, нешто што ретко се слуша од нашите спортсити!

Сега може да ја погледнте целата борба на Дејан во која славеше 13-6 на Европските квалификации во Софија, Бугарија.

Факти за Дејан Георгиевски:

-Европски сениорски шампион 2017 година (Софија)

-Сребрен медал Медитерански игри 2018 година (Шпанија)

-Сребрен медал на Европското првенство 2020 година (Босна и Херцеговина)

Факти за Радик Исаев:

-Европски сениорски шампион 2018 (Русија)

-Светски шампион 2015 (Русија)

-Олимписки шампион 2016 (Бразил)

„Честа и одговорноста да бидете помеѓу шеснаесет најдобри таеквондисти од целата планета е мотивот кој ќе не води во следните историски битки за Македонија !

Македонското таеквондо, македонскиот спорт воопшто има со што да се гордее, имаме наш домашен производ кој обезбеди олимписка норма!“, велат од Македонската таеквондо федерација.

Видеото може да го погледнете на овој ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО