МТФ: Петра Матијашевиќ ја продолжува верноста на репрезентацијата до Олимпијадата во Токио 2020

Petra bronza na EP 2016 Montre

Петра Матијашевиќ останува во македонскиот национален тим во наредните 4 години, соопштија од Македонската таеквондо федерација!

Да потесетиме дека матијашевиќ неодамна го освои историскиот бронзен медал за македонското таеквондо на Европското првенство во Швајцарија во сениорска конкуренција. Таа не доби повик од Меѓународниот олимписки комитет да учествува на Олимписките игри во Рио.

Таа за Ipon.mk изјави, но и за хрватските медиуми, дека тешко може да ја предвиди идината за уште еден олимписки циклус поради работните обврски.

Инаку таа зема македонско државјанство, бидејќи претходно настапуваше за Хрватска.
„Олимпискиот сон нема да застане тука, одиме во Токио 2020. Се надеваме дека нема тоа да биде само со еден репрезентативец“, наведуваат од МТФ и додвааат:
„Во разговор на Матијашевиќ со раководството на МТФ таа изрази желба да ги брани боите на Македонија и во идниот период. таа најави дека во текот на август ќе помине неколку дена со македонскиот национален тим“!
Петра оваа година го донесе вториот медал од европско првенство во олимписки боречки спортови од осамостојување на Македонија!
Од МТФ наведуваат дека следната на Петра е Светското сениорско првенство во август 2017 година, кое ке се одржи во Кореа, но изразуваат надеш повеќе наши репрезентативци ќе учствуваат на истото.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON