Македонските клубови со репрезентативците и идните натпреварувачи кои тропаат на вратата на репрезентацијата одржаа заеднички тренинг во Скопје.
Од Македонската таекводно федерација велат дека ова е тренинг „со врвна класа спортисти и идните потенцијали на македонското таеквондо“.
„Одговорноста за добиените награди за најдобра федерација, најдобар тренер и најдобар спортист во Македонија за 2021 година се посебен мотив за нови врвни успеси и исклучително квалитетно развивање и проширување на олимпискиот спорт таеквондо во Македонија“, истакнуваат од МТФ пред настаните што следат.
На крај на август е Европското клупско првенство во Естонија, во септември Европско до 21 година во Албанија и во ноември во Мексико е Светското сениорско првенство.