МТФ организираше меѓународен таеквондо семинар во Бутел

Македонската таеквондо федерација (МТФ) денес во Бутел организираше  меѓународен таеквондо семинар. Семинарот го водеше еден од најдобрите таеквондо тренери на Балканот, Владан Никодиевиќ од Ниш.

Владан е тренер на Таеквондо клуб Астерикс и селектор на српската кадетска репрезентација.

На семинарот учествуваа сите клубови членки на МТФ и гости од ТК Астерикс.

Претседателот на МТФ д-р Борче Костовски му додели златна плаќета на Влада Никодиевиќ како благодарност за придонесот кој го дава за балканското таеквондо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON