Рој Џонс е прилично уверен дека тој и Мајк Тајсон во одмерување на силите би ги победиле Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.
Џонс (51) држеше титули во четири различни категории.
Во 2003 година, Џонс направи историја кога се пресели во тешка категорија и го победи Џон Руиз, освојувајќи ја титулата на ВБА.
Џонс ќе се врати на рингот во септември, кога ќе се соочи со 54-годишниот Мајк Тајсон во осум рунди, егзебициски.
Иако признава дека во сегашната ситуација двајцата немаат шанси против актуелниот шампион, тој верува дека во нивните златни години би ги однеле Фјури и Џошуа.
„Во моментов не можеме да ги победиме. Ќlе биде тешко за нас да истераме 12 рунди со кој било од нив. Тие се искусни борци, добри боксери. Немаат толку вештини како што имавме на нивни години.
Во нашиот најславни денови? Ќе ги победиме. Никогаш не може да бидеме сигурни, но веројатно би ги победиле. Нашите вештини беа подлабоки, отколку што се сега. На врвот ќе ги победевме. Тие се добри борци, почитувани и јас го почитувам тоа што се на врвот “.
Фјури и Џошуа би можеле да се соочат во два последователни дуели во 2021 година. Фјури најпрво мора да го победи Дионтеј Вајлдер во декември, а Џошуа мора да ја брани титулата против Кубрат Пулев во истиот месец.