Минатата недела Алџамејн Стерлинг објави дека се повлекува од претстојната борба со Мовсар Евлоев, која требаше да се одржи на УФЦ 307 во Солт Лејк Сити, Јута.
Стерлинг се повреди и лекарите на УФЦ го советуваа да не се бори со Евлоев на почетокот на октомври. Борецот во перолесна категорија се обиде да најде нов противник, но за жал никој не сакаше да се бори со него на краток рок. Така Мовсар се врати во Русија и го заврши тренинг кампот.
Евлоев се надеваше дека победата над Стерлинг ќе го доближи до шанса за титулата во дивизијата. Сепак, мора да почека за да ја направи следната борба во УФЦ. Мовсар има 30 години и има скор 18-0 во ММА. Тој е во серија од 8 борби во УФЦ, но Дана Вајт не е негов обожавател бидејќи мисли дека неговите борби се здодевни.
Мовсар не завршил борба во УФЦ и само 7 борби се со завршница од 18 ММА борби.
View this post on Instagram