Легендарниот боксер Мајк Тајсон мораше да се помрдне од своето столче во првиот ред на кафезот во Т-Мобиле арената во Лас Вегас на УФЦ 202, откако настанот веќе поодамна беше започнат. Светскиот боксерски шампион пристигнал да го погледне мечот меѓу Дијаз и Мек Грегор. Да се помрдне го замолил популарниот пејач Кање Вест, а Железниот Мајк го послушал и се обидел да си најде друго место на себе. Како воопшто се случила оваа бизарна ситуација?
Според американските медиуми, а спрема изјавите на познатиот спортски колумнист, Скип Бејлесм кој бил сведок на овој настан, боксерот седнал на туѓо место, мислејќи дека Вест нема да дојде на мечот. Откако столчето со името на Вест во првиот ред останало празно, Тајсон се одлучил да го искористи статусот на ѕвезда и седнал на туѓо место. Но, за жал на Тајсон, пеачот нешто подоцна се појавил и му пришол на Мајк и побарал од него да стане. Разговорот бил чуден, бидејќи двоецот се знае, но никого не му е пријатно да го скорне од столчето „Челичниот Мајк“. Вест мораше да го направи тоа, ако сакал да седне на своето место.
На изненадување на Бејлес, но кого оваа ситуација му била многу забавна, Тајсон без проблеми побарал друго место и му се извинил на Вест. „Се е во ред, јас ќе најдам друг стол“, наводно Тајсон му рекол цивилизирано и културно на Вест.