Моника Стефановска 9-та на Премиер лигата; Заборски: Повеќе нема аутсајдери и секоја борба преставува финале за себе!

Тренерот на КК Макпетрол, Бошко Заборски, по одржувањето на првото коло на Карате 1 Премиер лигата во  Париз по новиот систем на натпреварување каде што настапуваат првите 64 натпреварувачи од светската Ранг листа, направи осврт за резултатите на своите каратисти.

Како што истакнавме во претходните текстови, најдобар ппласман имаше Моника Стефановска (Макпетрол) на 9-тото место, но во суштина македонските каратисти мала слаб настап.

Македонските каратисти вкупно 15, ги завршија натпреварите на првиот турнир од светската Карате 1 Премиер лига, вели Зборски, сите наши спортисти останаа без пласман и ги загубија борбите во првото или второто коло. Најголем резултат постигна каратистката на Макпетрол, Моника Стефановска која официјално се пласираше на 9 –тото место. Таа со овој резултат ќе ја подобри својата позиција на светската ранг листа, бидејќи 9-тото место носи дополнително бодови за овој висок пласман.

Моника Стефановска настапи во категорија на -68кг, во првото коло беше слободна, а во второто коло ја совлада Тубиш Ивона од Хрватска со резултат 4-3, во третото коло загуби од Французинката Агиер Ализе со резултат 0-4, бидејќи таа влезе во финале, Моника доби шанса во репасажните борби да се бори за бронзениот медал. Во првата репасажна борба таа загуби од Норвежанката Хилтон Андрине со резултат 0-2, и на крајот заврши како девето рангирана на овој силен светски турнир.

Заборски истакнува дека добри борби прикажала и Сара Радичевска (-50 кг),при што во првото коло извојувала брилијантна победа протрив Србинката Јелена Миливојевиќ со 4-0, во второто Сара немала спортска среќа и губи со предност поради прв земен поен од француската спортистка Аурора Буркуас при резултат 1-1.

Останатите македонски каратисти вкупно 15, сите загубија во прво или второ коло од натпреварот.

„На овој турнир, ние како клуб, заминавме со четири спортистки кои се рангирани меѓу првите 50 во своите тежински категории. Турнирот „Париз опен“ беше прв турнир од Светската 1 Премиер карате лига со кој започна новата сезона, за прибирање на бодови кои се одлучувачки за настапување на олимпијадата во Токио 2020 година. Тоа што можевме да забележиме е дека сите држави направиле многу сериозен и професионален пристап. Тие извршиле  комплетна мобилизација на сите свои потенцијали и на овие турнири сега имаат право да учествуваат само најдобрите 64 спортисти во секоја тежинска категорија. Генерален заклучок е дека повеќе нема аутсајдери и секоја борба преставува финале за себе. Македонија и сите држави од Балканот, повторно се без медал од овие натпревари, но и сите светски и европски држави заостануваат, сега веќе видно пред доминантните: Јапонија, Франција, Иран и Египет. Втората контрола ние ќе ја направиме на 7 февруари кога заминуваме за Гвадалахара, Шпанија, на турнир од А-серија, кој е исто така критериумски и рангиран од страна на Светската карате федерација. Се надеваме дека на овој турнир ќе имаме подобри резултати“, изјави Бошко Заборски, тренер на Макпетрол.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON