Конор Мек Грегор во првиот меч по поразот од Хабиб забележа победа со нокаут за 40 секунди против Доналд Цероне – Каубојот и направи нешто што на никој не му успеало досега во УФЦ.
Мек Грегор се вративо голем стил нокаутирајќи го Цероне за само 40 секунди и стана првиот борец во историјата на УФЦ кој успеал да победи со нокаут во три различни категории.
Мек Грегор уште од првата секунда тргна офанзивно, откако го промаши првиот удар, веднаш го удри Каубојот со колено, а потоа имаше четири интересни удари со рамо. Следуваше удар со нога во глава кој беше пресуден, по што само со неколку удари во глава го доврши противникот.
Ова беше првата борба на Конор по поразот од Хабиб Нурмагомедов во легендарната битка која се одржа во октомври 2018 и прва победа по три години.