Македонскиот олимписки комитет во соработка со националните спортски федерации, Националната анти-допинг комисија и Агенцијата за млади и спорт во понеделник во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје (почеток 13 часот), организира едукативно-информативни активности во однос на најновите моменти од областа на допинг контролата.
Проектот е задолжителен за спортистите кои се можни учесници на Европските игри Баку 2015, Олимписките игри Рио 2016 и Пјонг Чанг 2018, но и за другите спортисти, тренерите, докторите и пратечкиот персонал на спортистите.
Предавањата ќе бидат насочени кон:
-Запознавање и подигнување на свеста на спортистите за допингот и последиците од допингот;
-Подигнување на свеста за злоупотреба на допингот и последиците по здравјето на спортистите кои користат недозволени средства;
-Етика во спортот;
-Фер плеј во спортот;
-Подигнување на свеста за последиците по спортската кариера за спортистите по користење на допингот (позитивни резултати при допинг контрола);
-(Не) дозволено користење на суплементи;
-Дозвола за терапевтска употреба ;
-Запознавање со процесот на допинг контрола и правата и обврските на спортистите и другиот персонал;
-Запознавање со процесот на менаџирање на евентуалните прекршоци на анти-допинг правилата.