Македонскиот олимписки комитет утре на редовното годишно собрание ќе ја направи клучната промена во Статутот која ќе измени структурата на членките на собранието и мнозинството ќе го имаат претставниците на федерациите од олимписките спортови. Ова доаѓа по иницијативата на дел од федерациите кои ја бараа оваа промена, а е направена во координација со Интернационалниот олимписки комитет.
Членови на собранието на собранието на МОК ќе има и по неколку други основи, но нивниот број не смее да ја надмине бројката која ја имаат федерациите од олимписките спортови. За промената на Статутот потребно е просто мнозинство.
На утрешното собрание, Македонскиот олимписки комитет ќе направи и промена на името во согласност со официјалната промена на името на државата, а според спогодбата за регулрање на ова прашање која ја потпишаа Македонија и Грција.