Дерик Луис нокаутира боксер, бидејќи му се заканувал (ВИДЕО)

Поранешниот предизвикувач во тешка категорија на УФЦ, Дерик Луис, е борец кој е познат по силата на нокаути и дефинитивно не треба да си играте со него. Боксерот кој тренира заедно со „Црниот ѕвер“ го разбра ова на потешкиот начин. Посоченииот боксер сметал дека е добра идеја да се пошегува со Луис и се заканил дека ќе го нокаутира, затоа што бил ММА борец, а тие немале никакви шанси против боксерите во рингот.

Дерик не може да ги остави работите така и решил да ги навлече боксерските ракавици и да го натера да плати за подигрувањето. Луис реши да им покаже на фановите што се случува кога еден боксер е решен да го нокаутира. Дерик е бескомпромисен и го испраќа во нокаут непромислениот боксер, кој ќе размисли следниот пат пред да ја отвори устата.

Луис ќе се врати во кафезот на почетокот на февруари за да ги одмери силите со Илир Латифи во Тексас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО