МОК додели 12 спортски стипендии за Олимпијадата во Токио 2020

Согласно Стратешкиот развоен план и Олимписките програми на Македонскиот олимписки комитет утре (26 декември) во 10 часот во Парк хотел и спа со 12 спортисти ќе ги потпише Договорите за добивање на Олимписка стипендија Токио 2020.

Меѓу 12-мината неколку спортисти се од боречките спортови.

„Во оваа прилика ве покануваме да присуствувате на наведената активност и да ги поздравите Олимписките стипендисти за кои, заедно со нивните спортски клубови, Националните спортски федерации, Меѓународните спортски федерации, Меѓународниот олимписки комитет, но и во партнерски однос со централната и локалната власт, приватниот сектор, родителите, но и со вас како медиуми (активен дел од спортскиот систем) задолжени за информирање на јавноста за работите од областа на спортот, ќе работиме напорно да им овозможиме најдобри услови за тренинг и натпревар, за реализација на норми за учество на Олимписките игри Токио 2020“, се вели во поканата од МОК.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON