Македонскиот олимписки комитет ќе побара вајлд карти за борачот Дејан Митров, таеквондистката Петра Матијашевиќ и џудистката Катерина Николоска од боречките спортови, како и за стрелачката Нина Балабан,кајакарот Атанас Николовски и велосипедистот Андреј Петровски.
До Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), МОК ќе испрати барање до Трипартитното тело одговорно за испраќање покани до спортистите што не обезбедиле олимписка виза, за да може Македонија да склопи има каква-таква екипа за претстојните Олимписки игри во Рио де Жанеиро, Бразил (5 до 21 август).
МОК имаше 11 стипендисти, а ниту еден од нив не постигна А-олимписка норма во изминатите година и половина.
Само стрелачката Нина Балабан има потврдено учество на претстојната Олимпијада, откако и беше позитивно одговорено на барањето и таа доби покана за ЛОИ во Рио.
Митров, Матијашевиќ и Николоска не успеаја да обезбедат визи преку светските првенства и изборните турнири. А Матијашевиќ минатиот викенд го освои бронзениот медал на Европското првенство во таеквондо и ја запиша Македонија на списокот на медалистите во овој олимписки спорт.
„Покани ќе добијат двајца натпреварувачи, по еден маж и жена. Ако се гледаат критериумите, би можела да очекувам покана, но секогаш мора да се земе предвид и мрачната страна на спортот, лобирање и нефер потезите“, изјави Матијашевиќ за ipon.mk.
Таа и во Македонската таеквондо федерација веруваат дека ќе добие покана за Олимпијадата и дека тогаш може да се надеваме на добар резултат.
Натсапите на Митров и Николоска годинава и лани, не ни даваат надеж дека може да се надеваме на нешто повеќе од она што го постигнаа до сега, иако на Дејан подолго време се чека да го даде максимумот, а тоа значи и висок пласман.
Ipon.mk