Вкупно 45 спортисти ќе ја претставуваат Македонија на првите Европски игри што од 12 до 28 јуни ќе се одржат во Баку, Азербејџан. Македонскиот олимписки комитет (МОК), во соработка со националните спортски федерации пријави натпреварувачи во девет спортови, најмногу во атлетика-30.
Сепак, очите на сите се свртени кон боречите спортови, кои ќе ја преставуваат Македонија со девет спортити: 5 во борење, 2 во карате, и по 1 во самбо и џудо. Како потенцијални освојувачи на медали се вборјуваат каратистите Емил Павлов и Мартин Несторвски, а може да се смета и на Халил Зубаиров и Дејан Митров во борење, а и другите борачи може да изненадат.
КАРАТЕ: Мартин Несторовски и Емил Павлов.
БОРЕЊЕ: Бобан Данов, Халил Зубаиров, Дејан Митров, Јасин Реџалари и Тимур Хамикоев.
САМБО: Бајро Машовиќ.
ЏУДО: Катерина Николоска.
АТЛЕТИКА: Ристе Пандев, Кристиан Ефремов, Александар Стојановски, Илија Пајмакоски, Кокан Ајановски, Милош Ранчиќ, Александар Таневски , Јованче Јанковски, Славчо Мирчевски, Марјан Нојковски , Стефан Стефаноски , Дејан Ангеловски, Далибор Спасовски, Славе Коевски, Сашо Голубиќ, Валбона Селими, Дрита Исљами, Ангела Секулоска, Мери Јанкова , Андријана Поп Арсова, Марија Стојановска, Ивона Димитриеска, Ирена Темова, Мартина Мироска, Јулијана Велјаноска, Матеја Ефремовска, Кристина Јосифовска, Фросина Ристеска, Сермедие Љатифова и Вера Урдаревска.
ПЛИВАЊЕ: Љупчо Ангеловски, Ана Марија Дамјановска и Јана Серафимовска.
Во останатите спортови ќе имаме по еден претставник, и тоа во гимнастика – Иван Крстевски, во кајак – Констатин Дејкоски и во стрелаштво –Нина Балабан.
МОК ги обезбеди спортската опрема, подготовките и учество на Игрите.Првите Европски игри за многу спортови се и квалификациски за обезбедување норма за учество на ЛОИ во Рио 2016.
ipon.mk/В.Д.