Македонската универзитетска карате репрезентација составена од студенти од Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје, предводена од селекторот Бошко Заборски, во поединечните настапи кои се одржаа во првиот натпреварувачки ден обезбеди две директни борби за бронзениот медал кои ќе се одржат во петок на 30 септември на Светскиот универзитетски игри за боречки спортови во Самсун , Турција.
Каратистките Ангела Мојсовска во категорија -68 кг и Викторија Јовановска (-61 кг) во петок ќе се борат за бронзените медали во своите категории.
Инаку на Игрите се пријавени 1100 учесници од 300 светски универзитети од 50 држави и тие се натпреваруваат во 6 (шест) боречки спортови: самбо, борење, бокс, кик бокс, вушу и карате. Оваа година за прв пат од страна на Светската универзитетска федерација, името на натпреварот променето е во Светски куп на боречки спортови, во изминатите години беше именувано како Светско универзитетско карате првенство.
„Ангела Мојсовска беше многу блиску до финалето, но за жал не успеа својата предност да ја реализира во победа. После две победи кои ги извојува над Јелена Калајџиќ од Австрија 2-1 и Илма Рахмановиќ од Босна и Херцеговина 4-3, таа во третото коло на 10 секуди до крајот не успеа да ја задржи предноста што ја имаше за прв освоен поен. Репрезентативката на Украина,ЕлинаСиелменева, која успеа да поентира и со тоа нашата каратистка својата шанса за бронзен медал ќе ја бара во петок во борба со репрезентативка на Хрватска Садеа Бечировиќ.
Младата спортистка Викторија Јовановска успеа преку борба во репасаж со убедлива победа во решавачката борба од 5-1, противрепрезентативката од Австралија, Џуди Марие Бат да обезбеди исто така борба за бронзен медал. За бронзениот медал таа ќе се бори со репрезентативката на Турција, Ајсима Каракаја.
Забележителен настап првиот ден имаше и репрезентативецот Петар Заборски -75 кг, тој забележа две извонредни победи, прво со Бен Харви од Австралија 5-2, потоа победа и со репрезентативецот од Хонг Конг, Хо Чун НГ, од 1-0. Во третото коло загуби од репрезентативецот на Франција, Енцо Бертон со резултат 1-2 и не успеа да влезе во полуфиналето“, истакнува селекторот Бошко Заборски.
Останатите наши репрезентативци загубија во првото коло:
Глигор Петков во категоријата +84 кг загуби 1-8 репрезентативец од Турција;
Петар Спасеновски категорија -84 кг загуби со 1-3 , исто репрезентативец од Турција;
Димитар Илиевски категорија -75 кг, загуби со резултат 3-5, од репрезентативецот на Јужна Африка;
На 29.09.2022 на програмата се екипните настапи во екипниот дел за мажи и жени, додека пак на 30.09.2022 , во петок се борбите за медали